Top Sport

Гвардиола: Го заслуживме поразот, Брентфорд беа подобри

Манчестер сити, во саботата, доживеа шокантен пораз на домашен терен од Брентфорд (1:2). Гостите од Лондон, славеа со голот на Ајван Тони во 98.минута. Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, призна дека неговиот тим го заслужил поразот.

„Победи подобриот тим, се мачевме од самиот почеток, не можевме да се носиме со нивните долги топки. Единствениот начин беше да се притисне за да се освои топката, но ова беше поинаку. Се бранеа длабоко и беа одлични во одбраната“, изјави Гвардиола и додаде:

„Немавме соодветна динамика бидејќи тие ја диктираа играта со долги топки, а ние тие топки ги губевме. Бевме стегнати, навистина тежок натпревар. Имаа добар план и беа подобри“.

Не очајува Гвардиола, чиј тим сега е втор на табелата со 32 бода, два помалку од Арсенал.

„Бевме исклучителни во Лигата на шампионите и добри во Премиер лигата. Ќе се вратиме подготвени за вториот дел од сезоната“, изјави шпанскиот стручњак.

Scroll to Top