Top Sport

Гвардиола: “Гвардиол? Има предобро презиме!”

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола потврди дека Јошко Гвардиол пристигнал во клубот и дека наскоро ќе стане нов играч на „граѓаните“.

Хрватскиот репрезентативец долго време се поврзуваше со Сити, а на крајот англискиот шампион ги договори сите услови со Лајпциг и за 90 милиони евра со бонуси доби можност да потпише со еден од најперспективните стопери на денешницата.

Со пристигнувањето на „Етихад“, Гвардиол стана најскапиот стопер во светот, симнувајќи го од тронот Хари Мегваер.

„Колку убаво презиме има! Сега е на лекарски прегледи. Сите знаат дека е тука. Да се надеваме дека ќе завршиме во следните неколку часа или денови“, рече Гвардиола на денешната прес-конференција на Сити.

Да потсетиме, Јошко Гвардиол синоќа по 22 часот по средно-европско време со лет од Германија пристигна во Манчестер.

Scroll to Top