Top Sport

Гвардиола: И да го казнат клубот, јас ќе останам во Сити

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека и следната сезона ќе биде на клупата на англискиот клуб дури и ако Премиер лигата ги казни „граѓаните“ за прекршување на финансиските правила.

Премиер лигата го обвини Манчестер Сити дека прекршил повеќе од 100 финансиски правила на крајот од четиригодишната истрага на крајот на февруари.

„Останувам во Манчестер Сити и следната сезона. Не размислувам за напуштање на клубот. Не грижете се, ќе останам во клубот дури и да останат 100 прекршоци против нас во Премиер лигата. Она што би сакал е Премиер лигата или судиите да донесат одлука што е можно поскоро. Ако нешто сме згрешиле, сите ќе знаат“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити на коло пред крајот на сезоната ја одбрани титулата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ на 3 јуни ќе играат во финалето на ФА Купот со Манчестер Јунајтед, а една недела подоцна ќе играат против Интер во финалето на Лигата на шампионите.

Scroll to Top