Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола повторно се огласи по повод критиките кои на сметка на неговиот клуб доаѓаат од сите страни откако Судот за спортска арбитража ја поништи казната на УЕФА.
Сити се спасија со одлуката на Судот во Лозана и наместо суспензија од две години и 30 милиони евра парична казна, ќе мора во касата на УЕФА да уплатат само 10 милиони евра.
Жозе Мурињо, Јирген Клоп, првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас беа најгласни во критиките кон клубот од „Етихад“.
Гвардиола повторно зборуваше за финансиската моќ на дугите клубови.
„Го сакавме Алексис Санчез, не можевме да си дозволиме да го донесеме, го сакавме и Хари Мегваер не можевме финансиски да си дозволиме да го донесеме и него, не можевме да платиме колку што можеше да плати Манчестер Јунајтед. Ние имаме пари, но пари имаа и други клубови. Дали во изминатата деценија потрошивме повеќе него во минатото? Потрошивме, но пред 20, 25 или 30 години, Арсен Венгер кој жестоко се залага за финансискиот фер-плеј потроши многу повеќе пари за да биде на врвот. Тоа го прават сите клубови кои сакаат да бидат на врвот“, рекол Гвардиола.
Инаку Гвардиола во тренерската кариера, во текот на 11 сезони во Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити на засилувања потрошил неверојатни 1,3 милијарди евра.
Најмногу пари потрошил како менаџер на „граѓаните“. Од 2016 година Манчестер сити на нови играчи издвоиле 762,3 милиони евра.