Top Sport

Гвардиола и Клоп најавуваат одличен натпревар

Фудбалерите на Манчестер сити и Ливерпул, вечерва од 20:45 часот, ќе го одиграа четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите. По првиот меч Ливерпул има предност од 3:0.

Ривалите од Премиер лигата како увертира за реваншот во Лигата на шампионите, викендов се соочија со своите градски ривали во домашниот шампионат. Сити загуби од Манчестер јунајтед 2:3, а Ливерпул одигра 0:0 со Евертон.

„Мораме да одиграме речиси совршен меч за да се пласираме понатаму“, рекол Пеп Гвардиола, а потоа проговорил и за резултатската криза во која се наоѓа Манчестер сити.

„Луѓето критикуваат, меѓутоа јас сум задоволен од настапите на својот тим. Тие играат одлично. Иако бевме поразени од Јунајтед, јас бев среќен поради начинот на кој го одигравме натпреварот. Ни требаат европските титули, а до нив не се стигнува лесно. За такво нешто е потребна напорна работа.“

„Ќе биде тешко, не велам дека немаме квалитет за да одиме понатаму, но ова ќе биде голем предизвик и вистински тест за нас. Меѓутоа фудбалот е таков, имаме свои шанси бидејќи сме во состојба да приготвиме голем број на шанси во текот на еден натпревар“, заклучил Гвардиола.

Колегата на Гвардиола од спортивниот табор, Јирген Клоп е свесен дека неговиот тим има предност, но и дека е далеку од пласманот во полу-финалето.

„Не сум заинтересиран за етикетите „фаворити“ или „аутсајдери“. Така јас размислувам. Ние пред мечот имаме предност и тоа е тоа. Секако дека таа е поголема од она што очекувавме, но не очекува уште работа“, рекол Германецот.

„Кога изгубивме од нив 5:0 можевте да ја видите големината на Сити, кога имавме човек помалку. Пеп е најдобриот менаџер во светот, меѓутоа не постои совршена фудбалска екипа. Знаев и пред првиот меч дека Сити може да прими гол. Ако примиш повеќе голови отколку што ќе постигнеш го губиш мечот. И тие во Сити се само обични луѓе. Фала му на бога. Имаа два порази во последната недела што никој не очекуваше. Јунајтед имаше малку среќа, Сити лесно можеше да добие со пет или шест гола разлика. Сепак ние мора да одиграме сјајно за да ги победиме. Сигурен сум дека не очекува одличен натпревар“, завршил Клоп.

Инаку, менаџерот на Ливерпул за дуелот со Сити нема да може да смета на услугите на капитенот Хендерсон кој порада жолти картони ќе го пропушти реваншот. На спротивната страна Гвардиола нема кадровски проблеми, но се очекува дуелот да го зашочне со Стерлинг и Агуеро.

Scroll to Top