Top Sport

Валверде претпазлив, Ди Франческо верува во чудо

Барселона, вечерва, гостува на „Олимпико“ во Рим во Лигата на шампионите. Победата во првиот меч од 4:1, и гарантираат мирен реванш на Барса против Рома. И покрај комотната предност тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, повикува на претпазливост, додека стратегот на Рома Еузебио Ди Франческо се надева дека неговите фудбалери можат да направат подвиг.

Валверде најави дека Барселона на „Олимпико“ ќе игра како резултатот да е 0:0.

2не смееме да мислиме дека сме веќе во полу-финалето. Точно е дека имаме одличен резултат по првиот натпревар, но мора да играме како да е 0:0. Целта е да победиме и во реваншот. Рома е опасна екипа, а посебно треба да внимаваме на Един Џеко. Од друга страна ние го имаме Меси и знаеме дека Лео секогаш може да биде клучен играч“, рекол Валверде.

Од друга страна Ди Франческо не го отпишува својот тим, а сите во Рома се надеваат дека може да се повтори 2002 година кога во втората фаза по групи, Рома ја победи Барселона со 3:0.

„Имаме обврска да се обидеме, не е готово се додека не заврши мечот. Би било чудо, но зошто да не с еобидеме да го оствариме. Се сеќаваме на дуелот со Челси во Рим (3:0), меѓутоа свесни сме дека сега играме против вистинска армија“, рекол Ди Франческо.

Натпреварот на „Олимпико“ ќе започне во 20:45 часот.

Scroll to Top