Top Sport

Гвардиола: И Комјунити шилд е трофеј, нели?

Додека храбрите прогнозери сметаат дека Манчестер сити можат да ја комплетираат неверојатната сезона 2018/19 со четири титули (Премиер лига, Лига на шампиони, ФА куп и Карабао куп), нивниот менаџер Пеп Гвардиола ги поправа и вели дека одат на пет трофеи, бидејќи Комјунити шилд, англискиот суперкуп кој се игра на стартот на сезоната исто така е трофеј.

Со трофејот од Карабао купот зад себе, Каталонецот смета дека неговиот тим веќе освоил две титули во фудбалската сезона. Сега останува ФА куп финалето против Ватфорд во мај, борбата со Ливерпул за Премиер лигата и четврт-финалето од ЛШ против Тотенхем, кое се игра утре.

„Зошто никој не го брои Комјунити шилд? Би сакал да имам одговор на тоа. Можеби се смета за минатата сезона, но лани кога заминавме на одмор, трофејот не беше тука. Во Шпанија и Германија, суперкупот е многу важен. Затоа сметам дека имаме две титули оваа сезона и играме за уште три. Зошто да играме ако тоа не се брои? Нека ни ги продолжат одморите“, вели Гвардиола.

Scroll to Top