Top Sport

Гвардиола: Ќе ја вратиме титулата наредната сезона

Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола рекол дека има идеја како да го подобри својот тим во претстојниот преоден рок за да ја врати титулата на „Итихад“.

„Ливерпул ќе бидат силни и наредната сезона. Но ние бевме првите кои по 10 години ја одбранија титулата, знаеме колку е тешко да се направи тоа“, рекол Гвардиола.

„Од последните девет домашни натпреварувања ние освоивме осум. Тоа не е лошо. Имаме неколку идеи за засилувања во преодниот рок ќе бидеме подготвени да се бориме за трофејот наредната сезона“, рекол Гаврдиола.

Манчестер сити вечерва во Премиерлигата ќе играат против Барнли.

Scroll to Top