Сергеј Милинковиќ-Савиќ заедно со Чиро Имобиле е најдобриот играч на Лацио, кој по девет кола ја држи четвртата позиција во Серија А со два бода помалку од лидерот Наполи.
Со добрата форма српскиот интернационалец го привлече вниманието на најголемите европски клубови.
Како што пишуваат италијанските и англиските медиуми, скаути на Манчестер Сити во средата го гледале Милинковиќ-Савиќ на дуелот помеѓу Болоња и Лацио (1:2), на кој Србинот го постигна првиот гол за својот тим.
Шпекулациите говорат дека Пеп Гвардиола во јануарскиот преоден рок ќе понуди 80 милиони евра за овој играч, кој се уште не ја стекнал довербата на селекторот на Србија Славољуб Муслин и не одигра ниту еден меч во квалификациите за СП.
Сити им се приклучи на неколкуте клубови кои се сериозно заинтересирани за услугите на Милинковиќ-Савиќ. Летвото Манчестер Јунајтед покажа интерес, а Јувентус испрати конкретна понуда од 70 милиони евра која Лацио ја одби.