Top Sport

Црвена звезда го реши Макаби, Антиќ дефанзивно брилијантен

Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Макаби 87:84 (19:24, 20:25, 23:12, 25:23) во рамките на четвртото евролигашко коло. По четири натпревари двата тима имаат идентичен скор, по две победи и два порази.

Реновираниот тим на Црвена звезда предводен од најмладиот тренер во Евролигата, 31-годдишниот Душан Алимпијевиќ, по Барселона на домашен терен успеа да победи уште еден великан.

Белградскиот тим, со фанатастична борбеност, максимална концентрација во завршните две минути и беспрекорна одбрана во третата четвртина стигна до победата.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ мечот го заврши со седум поени (2/6 за три), три скока и две асистенции, но статистиката не може да ја отслика неговата брилијантна игра во одбраната во третиот период кога Црвена звезда негативата на полувремето од десет поени, ја претвори во поен предност во влезот на решавачкиот период.

Во финишот меч винер беше Тејлор Рочести кој постигна седум поени во завршните две минути, а неговата и тројката на Добриќ на Црвена звезда и донесоа предност 80:78 во 38 минута.

Самата завшница донесе вистинска драма, Џексон од линијата за слободни фрлања израмни на 84:84, потоа флоутер погоди Рочести на 15 секунди до крајот, а последниот напад за Макаби не го реализира Дешон Томас. Неговиот обид за три поени беше непрецизен, а потоа Бранко Лазиќ од линијата за слободни го постави конечниот резултат.

Најефикасен кај победникот беше Рочести со 22 поени, Џејмс Фелдин забележа 19 поени и 8 асистенции, а Милко Бјелица постигна 16 поени (4/4 за три).

Макаби го предводеше Дешон Томас со 28 поени, 5 скока, 2 асистенции, што му донесе индекс на корисност 31.

Scroll to Top