Top Sport

Гвардиола ќе прави ремонт

Пеп Гвардиола планира да направи реконструкција на тимот за да може наредната сезона да биде конкурентен во борбата за трофеите во Англија. Сити оваа сезона им ја предадоа титулата на Ливерпул.

„Ќе замениме некои играчи. Тоа не е катастрофа, тоа е дел од фудбалот поради возраста на фудбалерите и останатите околности“, рекол тренерот кој од 2016 година има освоено осум трофеи со Манчестер сити.

Сити сигурно ќе го напуштат Давид Силва, Клаудио Браво и Лирој Сане, додека тренерот не е сигурен дека Кун Агуеро и Фернандињо ќе останат во клубот. Гвардиола најавил дека нема да бара замена за Сане кој кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Примарно ќе му биде да донесе централен дефанзивец.

„Имаме доволно квалитетни играчи, но ни требаат играчи што ќе застанат на позициите кои ги покриваа Компани и Давид Силва. Фернандињо и Агуеро имаат договори и за наредната сезона, но не сум сигурен дали ќе ги продолжат“.

Според англиските медиуми Гвардиола сака да го донесе Калиду Кулибали за кого Наполи бара 100 милиони евра, додека се уште не нашол замена за Силва кој по десет години ќе го напушти клубот.

Scroll to Top