Top Sport

Јотиќ се договорил со Вардар

Ловро Јотиќ кој минатата сезона настапуваше за Еурофарм Пелистер е последното засилување за Вардар. Со трансферот на Јотиќ европскиот првак го комплетираше тимот за новата сезона.

Јотиќ заедно со сонародникот Анте Гаџа ќе бидат опциите што ќе ги има тренерот Стевче Алушовски на позицијата среден бек.

Инаку, Јотиќ кариерата требаше да ја продолжи во Бенфика, но откако португалскиот клуб поради финансиската криза што ја предизвика коронавирусот репи да го намали буџетот тој реши да ја прифати понудата од Вардар.

Ловро Јотиќ е деветтото засилување за Вардар во пресрет на новата сезона, претходно во клубот пристигнаа Талески, Георгиевски, Вујин, Кантарел, Јагуриновски, Вакиќ, Гаџа и Валчак.

Scroll to Top