Пеп Гвардиола во видео порака им порача на сите фанови дека многу му недостасува фудбалот, но прати порака да се остане дома за време на кризата со корона вирусот чекајќи го продолжувањето на Премиер лигата и на другите спортски натпреварувања.
Гвардиола минатата недела донираше 1 милион евра во борбата против корона вирусот во својот роден град Барселона и побара од навивачите на Сити да ги слушаат медицинските совети.
„Ни недостасува фудбалот. Ни недостасува животот кој го имавме до пред неколку дена, но сега е време да слушате, да ги следите научниците, лекарите и медицинските сестри. Вие сте моето фудбалско семејство и ќе направиме сè што е возможно да направиме да се чувствувате подобри. Ќе се вратиме посилни, подобри, повнимателни… И секако, малку подебели. Останете внатре, останете безбедни“, вели Гвардиола.
"WE'LL COME BACK FROM THIS STRONGER…" ?
#CityzensAtHome is here to bring you regularly updated news, advice and a wide range of fun and educational activities, centred on football, for the whole family to enjoy in your homes.
https://t.co/twd82HAhpP pic.twitter.com/xrOwQzVSua— Manchester City (@ManCity) March 30, 2020