Тренерот на Манчестер сити, по победата на неговиот тим против Вотфорд (3:1) ги демантирал тврдењата на италијанските медиуми дека се договорил од наредната сезона да го води Јувентус.
Информацијата на која се повикуваат медиумите на Апенините ја лансираше новинарот Луиџи Џуелпа, кој летото прв објави дека Кристијано Роналдо ќе пристигне во Торино.
„Дека Пеп се договорил со Јувентус му кажа истата особа од која дознав дека во клубот ќе дојде Роналдо“, изјавил Џуелпа за радиото „ЦРЦ“.
„Знам како делуваат социјалните мрежи, но не разбирам зошто медиумите пишуваат такви работи. Имам уште две години од договорот со Манчестер сити. не одам никаде доколку не добијам отказ. Ќе останам тука доколку клубот го сака тоа“, рекол Гвардиола.
Pep Guardiola strongly dismissed the report that he has verbally agreed to join Juventus, saying the only way he will leave #MCFC before 2021 is if the club sack him pic.twitter.com/t1Vvl7vLRs
— Simon Peach (@SimonPeach) March 9, 2019