Манчестер Сити сепак ќе смее да игра во Лигата на шампиони и наредната сезона, одлучи Спортскиот арбитражен суд во Лозано по обвинувањата за прекршување на финансискиот фер плеј. Оваа одлука ја искоментираа менаџерите на Ливерпул и Тотенхем, Јирген Клоп и Жозе Мурињо, едни од најголемите ривали на стратегот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Клоп рече дека е среќен што на Сити му е дозволен настап во Европа, затоа што тоа е добро за Ливерпул.
„Среќен сум што Сити следната сезона ќе игра во ЛШ. Ако имаат 10 или 12 меча помалку во сезоната, никој во лигата не би имал шанса да стигне до титулата“ рече Германецот.
Мурињо беше поостар.
„Ако Сити не е виновен, а е казнет со неколку милиони, тогаш тоа е срамно. Ако не си виновен не треба да бидеш казнет. Срамна одлука“ смета Португалецот.
Гвардиола пак од двајцата колеги бара извинување.
„Треба да ни се извинат. Да погрешевме ќе ја прифатевме одлуката на УЕФА. Не очекуваме да не бранат Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Челси или Вулверхемптон, но имаме право да се браните самите кога веруваме дека се сме направиле правилно. Неверојатно сум среќен поради одлуката. Тоа што го освоивме на терен, ќе го одбраниме на терен“ вели Пеп Гвардиола кој на кормилото на Сити стигна до две титули во ПЛ, еден ФА куп, три Лига купа и два Суперкупа.