Top Sport

Гвардиола: Конфликтот Мане-Сане е во корист на Баерн Минхен

Интервјуата на Пеп Гвардиола секогаш се интересни поради неговиот понекогаш невообичаен поглед на фудбалот, и тој не разочара пред реваншот со Баерн Минхен, велејќи дека конфликтот на Садио Мане и Лирој Сане по 3:0 поразот од неговите Манчестер сити во првиот меч од четврт-финалето на ЛШ ќе биде во корист на тимот на Томас Тухел.

По тешкиот 3:0 пораз, новото засилување на тимот, Садио Мане го удри својот соиграч Лирој Сане лут на критиките кои ги добиваше на тренот, по што беше суспендиран на еден меч, викендов против Хофенхајм.

„Понекогаш ти е потребен конфликт да го направиш тимот посилен. Сигурен сум во тоа. Тоа нема да биде слабост за нив, туку ќе им донесе предност против нас. Го знам овој клуб совршено, и можам да замислам каква е атмосферата во соблекувалната пред мечот со нас, тие ќе го дадат максимумот“, вели Гвардиола, кој три години помина на клупата на Баварците.

Scroll to Top