Top Sport

Стјуардите на ФИА ја одбија жалбата на Ферари за казната на Саинс

Стјуардите на ФИА за Австралиското ГП ја одбија жалбата на Ферари и обидот да се повтори истрагата за казната на Карлос Саинс Јуниор на трката во Мелбурн по која го загуби пласманот на подиумот.

Саинс падна од четвртото место на последното во пласманот на трката, откако доби казна од пет секунди за судирот со Фернандо Алонсо во Астон Мартин при рестартот на трката. Стјуардите му ја доделија казната при третото црвено знаме и финишот зад безедносно возило, по што Саинс се жалеше дека се работи за „најнефер казна“ која ја видел во Формула 1.

По трката, Ферари побараа ревизија на одлуката на стјуардите, но за да им се дозволи тоа, требаа да дадат „дополнителни и релевантни“ информации кои не биле достапни на стјуардите при првата одлука. Ферари дадоа податоци од телеметријаат на болидот на Саинс, изјава од него и изјави од други возачи, вклучувајќи го и Алонсо. Трите беа одбиени.

Scroll to Top