Top Sport

Гвардиола: Манчестер сити не е тим кој се предава

Пеп Гвардиола инсистира дека на фудбалерите на Манчестер сити не им недостасува ниту самодоверба, ниту желба за игра, откако паднаа на 11 поени зад лидерите Ливерпул по 2:2 ремито со Њукасл јунајтед по 14 кола во Премиер лигата.

Ливерпул има загубено само два поени досега за да ја потврди доминантната позиција, но Гвардиола вели дека желбата за победи во тимот не е намалена пред утрешниот меч со Барнли, по што следува дербито на Манчестер.

„Се гледа во говорот на телото на фудбалерите, во нивното залагање на теренот. Ние никогаш не се предаваме и тимот секогаш е тука. Тоа е моето чувство. Секако, 2:2 кај Њукасл не е добро за нас, но перформансите беа тука“, вели Гвардиола.

Сити во 2017/18 остварија рекорд во Премиер лигата со 18 победи во низа, додека лани им беа потребни 14 победи едноподруго за да ги остават Ливерпул зад себе. Дали тимот е подготвен за такви подвизи оваа сезона?

„Не размислувам за тоа колку натпревари треба да победиме, мислам само на следниот меч. Прво против Барнли, потоа на дербито“, вели Гвардиола.

Scroll to Top