Top Sport

Ракитиќ: Ќе останам во Барса, но само ако играм

Иван Ракитиќ признава дека е „збунет“ од неговата позиција во Барселона, велејќи дека сака повеќе да игра, но додава дека „нема подобро место“ од каталонскиот клуб. Хрватот го имаше само својот втор лигашки старт оваа сезона при 1:0 победата над Атлетико Мадрид во неделата, и иако е на „Ноу Камп“ од 2014 година, вели дека му е потребно нешто повеќе.

„Не ја сфаќам ситуацијата бидејќи навистина сакам да да играм. Ако играм, тогаш нема подобро место за мене од Барса. Сакам да уживам во секој ден тука“, изјави Ракитиќ за „Марка“.

31-годишниот Ракитиќ има четири титули од Ла лига и една од Лигата на шампионите со Барса откако пристигна од Севилја, но вели дека се чувствува како да му ја „земале“ топката.

„Го кажувам тоа само да покажам колку го сакам фудбалот. Имам уште да понудам и имам доверба во соиграчите и во тренерот“, додава Ракитиќ.

Scroll to Top