Top Sport

Гвардиола менаџер на годината во Англија

Пеп Гвардиола ја доби наградата за менаџер на годината во изборот на Асоцијацијата на менаџери.

Гвардиола, сезонава го предводеше Манчестер сити до шампионската титула со рекордни 100 бода. Во текот на целтата сезона неговите фудбалери испуштија само 14 поени, а првенството го завршија со 106 постигнати гола.

Шпанскиот тренер со Сити го освои и Лига купот.

Во борбата за престижната награда, Гвардиола, победи петмина свои колеги: Јирген Клоп (Ливерпул), Шон Дајш (Барнли), Нуно Еспирито Санто (Вулверхемптон), Нил Ворнок (Кардиф) и Џон Колман (Акрингтон).

Признание доби и менаџерот на Евертон Сем Плардајс, кој стана член на Куќата на славните на оваа Асоцијација.

Scroll to Top