Top Sport

Гвардиола: Мене ми е лесно, клубот ми купува квалитетни играчи

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, со многу сарказам ја коментирал победата на неговиот тим над Лидс од 7:0. Ова е најтешкиот пораз во кариерата на тренерскиот татко на Гавардиола, Марсело Бјелса.

Сити синоча ја забележаа втората најубедлива победа во клупската историја. „Граѓаните“ го урнаа рекордот на Ливерпул, постигнаа 500 гола на 207 натпревари. На Ливерпул под Јирген Клоп за да постигнат 500 гола им беа потребни 234 натпревари.

Исто така, Сити ја забележаа 33 победа во првенството во оваа календарска година со што го израмнија рекордот на Ливерпул од 1982 година.

„Се ова е вистина, но заборавивте на уште една импресивна работа. Примивме само девет гола на 17 натпревари во Премиер лигата. Тоа само докажува дека не мораш да играш дефанзивно за да бидеше успешен во одбраната. Играчите кои ги имам се донесени да бидат креативни, моја работа е само да им кажам да трчаат. За останатото се заслужени луѓето од клубот кои ми купуваат квалитетни играчи“, рекол Гвардиола.

Scroll to Top