Top Sport

Гвардиола: Ми се лоши од прес конференциите

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, предлага Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), барем на три или четири месеци да ги укине прес конференциите.

Гвардиола ова го рекола одговорајаќи на новинарско правање дали работата на тренинзите е најзаслужна за голот кој Агуеро го постигна во саботата против Барнли.

„За тој гол не сум заслужен јас и тренинзите туку играчите. Тие играат на теренот, тие се талентирани. Мојата порака е дека треба да ги укинеме овие прес конференции, сметам дека тоа би било добро. Ние да престанеме да зборуваме и да им препуштиме се на фудбалерите. Ова се празни разговори. Нека ФА да размисли за мојот предлог барем на три-четири месеци нека ги укинат прес конференциите“, рекол Гвардиола.

„Новинарите само треба да гледаат како играат играчите и да пишуваат за тоа. Ми се лоши кога доаѓам на прес конференции и зборувам за она што сите веќе го виделе, зошто морам да го правам тоа? Фудбалот е на теренот, а не во прес салите. Играчите го заслужуваат вниманието, а не ние тренерите“, дополнил менаџерот на „граѓаните“.

Познато е дека изминатите денови, преку медиумите, своја приватна „војна“ водат Антонио Конте и Жозе Мурињо, што редизвика многу негативни коментари во англиската јавност.

Scroll to Top