Top Sport

Гвардиола: Мора да бидеме како Барса, Баерн, Јуве…

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не сакал да зборува за можноста неговиот тим да освои четири трофеи оваа сезона, туку истакнал дека на „граѓаните“ како пример треба да им служат водечките клубови во Европа.

Манчестер сити се во конкуренција за титулите во Премиерлигата, ФА и Лига купот, односно Лигата на шампиони.

Сити, во вторник, походот кон титулата во Премиерлигата ќе го продолжат против Њукасл, а Шпанецот инсистира дека фокусот му е само на тој натпревар.

Манчестер сити на табелата се втори, со четири бода помалку од Ливерпул.

„Знам дека ни го посакувате најдоброто, но секогаш кога ќе ја коментирате дека можеме да освоиме четири титули ние губиме. Важно е што во овој период сме конкурентни во сите натпреварувања. Погледнете ги најдобрите европски клубови во последната деценија. Тоа се Баерн, Барселона, Јувентус…Зошто се најдобри? Поради тоа тоа што секоја сезона победуваат во нивните првенства ги освојуваат куповите. Секоја година се борат за трофеи. Тоа е она што јас го сакам. Не можеме да им парираме, но можеме да ги имитираме“, реко, Гвардиола.

Scroll to Top