Пеп Гвардиола вели дека Манчестер сити заслужиле почит како врвен клуб поради тоа што постојано се борат за титулата во Премиер лигата, за разлика од другите големи англиски клубови кои честопати не влегуваат ниту во Лигата на шампионите.
Сити може да направи голем чекор до трета титула од Премиер лигата во последните четири години доколку во градското дерби го совладаат второпласираниот Манчестер јунајтед, а веќе се во финалето на Карабао купот, во четврт-финалето на ФА купот и имаат 2:0 предност од првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах.
„Најубава работа која ја направи клубов во последната деценија е што секогаш кога ја освојувавме титулата, следната сезона повторно бевме во борба за титула. Најниска позиција по освојување на титулата беше второ место. Ако ги погледнете другите шампиони, тие се борат за место во топ 4 и тоа покажува дека ние ја имаме постојаноста цело време. Не е важно во кое натпреварување, ние одиме на победа и само на победа. Една титула се освојува, но кога си постојано во борба за титулата, цела деценија, тоа е нешто што носи гордост. Затоа сме врвен клуб“, вели Гвардиола.
Ова доаѓа откако минатогодишиот шампион Ливерпул е на седмото место во Премиер лигата и ги очекува битка за пласман во ЛШ. Челси во 2017/18 и 2015/16, Лестер во 2016/17 и Манчестер јунајтед во 2013/14 не успеаја да влезат во топ 4 една година откако ја освоија титулата. Сити, пак, се единствениот клуб во 12 години кој освои две титули во низа (2017/18 и 2018/19) и влегоа во ЛШ 10 сезони во низа.