Тренерот на Манчестер сити е заинтересиран за фудбалерот на Милан Исмаел Бенасер. Според медиумите тој бил подготвен да ја плати откупната клаузула која изнесува 50 милиони евра.
Бенасер минатото лето од Емполи пристигна во Милан. Клубот од „Сан Сиро“ за него плати 16 милиони евра. Овој фудбалел кариерата ја започнал во Арл, од 2015 до 2017 година бил во Арсенал каде не добил шанса.
Гвардиола сметал дека 22 годишниот Бенасер би бил идеално решение за средниот ред на неговиот тим.
Исмаел Бенасер е репрезентативец на Алжир. Со својата репрезентација лани го освои Купот на Африка. Бенасер беше прогласен за МВП на турнирот.