Пеп Гвардиола е сигурен дека нема да дојде до бројката од 400 натпревари на клупата на Манчестер сити. Гвардиола, против Кристал Палас, 200. пат во кариерата ќе ги предводи „граѓаните“ во Премиер лигата. Досега забележал 146 победи.
Логично прашање е дали ќе биде во Сити уште пет години, за да ја достигне бројката од 400 натпревари.
„Не верувам“, рекол Гвардиола и продолжил
„Долго време сум тука. Кога ќе забележите 200 натпревари тоа значи дека долго време сте во клубот. Ако веќе сте долго тука, тоа значи дека сте забележале многу победи. Тоа не е тајна, нашата работе се вреднува според резултатите. Тимот секојдневно напредува, тоа покажува дека добро работиме“.