Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го избра играчот што го посакува за наследник на Кевин де Брујне во тимот на „граѓаните“.
Според белгиските медиуми, изборот на Гвардиола е најбараниот играч за врска во Европа, плејмејкерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц.
Вирц оваа сезона постигна 15 гола и даде 12 асистенции, во последните две сезони е еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во светот.
Минатата сезона го предводеше Баер до двојната круна во Бундеслигата и до финалето во Лига Европа со 18 гола и 20 асистенции.
Од минатата сезона се шпекулира дека кариерата треба да ја продолжи во Реал Мадрид, каде наводно го сметаат за наследник на пензионираниот Тони Крос.
Заинтересирана е и Барселона, а Баерн Минхен постојано е во разговор за најдобрите играчи во Бундеслигата, но Вирц во меѓувреме го продолжи договорот со Баер до јуни 2027 година.
Порталот „Трансфермаркт“, ја проценува неговата пазарна вредност на 140 милиони евра, иако се шпекулира дека Баерн би прифатил сума од 100 до 110 милиони.
Со оглед на резултатите на Сити оваа сезона (16 бода зад лидерот во Премиер лигата, Ливерпул), а особено по минатонеделниот пораз од Реал Мадрид во првиот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите на домашен терен, јасно е дека на Сити му престои „ремонт“ во летниот преоден рок, кој веќе започна оваа зима кога клубот ангажираше четворица нови фудбалери..
„Граѓаните“ зимава се засилија со Витор Реис, Абдукодир Хусанов и Омар Мармуш.
Сепак, главните засилувања се очекуваат во летнуот преоден рок, а приоритет ќе биде наследникот на Де Брујне, со години клучниот играч на Сити.
Гвардиола го гледа Вирц како идеална замена за него, а наводно веќе стапиле во контакт со неговите претставници.