Top Sport

Гвардиола: Најдобро е да се преселам на Малдивите и да лежам под кокосовите дрва

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола проговори за згуснатиот распоред на неговиот тим на крајот од сезоната. На оваа тема проговори и Јирген Клоп, менаџер на Ливерпул чии тим се бори за уште три трофеи.

Новинарите го прашале Шпанецот какви се неговите размислувања на оваа тема.

„Колку пати сме разговарале за распоредот? Ништо нема да се промени. Сопствениците на ТВ правата работат како ним им одговара, тие мислат само на парите, а не на играчите. Јас не можам да го решам тој проблем“, изјави шпанскиот стручњак и потоа се пошегувал како би можел да го реши проблемот.

„Ако не сум задоволен, ќе си одам дома и нема да бидам менаџер на Манчестер сити. Ќе одам во првенството на Малдиви и ќе играм по еден натпревар неделно. Ќе бидам опуштен под кокосовите дрва. Тоа би било совршено, но тоа сега не е случај“, изјави Гвардиола.

Неговиот Сити во сабота од 18:30 часот ќе игра натпревар од Премиер лигата со Лидс, а потоа ќе отпатува за Мадрид, каде во среда ќе го одигра реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал.

Scroll to Top