Top Sport

„Гвардиола најголем? Кога ќе направи резултат без буџет од 3 милијарди тогаш ќе биде најдобар во светот“

Поранешниот француски репрезентативец Емануел Пети го критикуваше менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откако беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид со спектакуларен пресврт најпрвин избори продолженија во реваншот, а потоа го елиминираше Сити со вкупен резултат 6:5.

„Гвардиола беше наелектризиран, им викаше на Марез и Фоден. Мораше да им дозволи на играчите да се концентрираат на играта. Тој беснееше во текот на целиот натпревар. Дури видовме дека помошниците понекогаш не одговараат на неговите зборови. Беше возбуден бидејќи неговиот тим во поголемиот дел од натпреварот имаше резултат што ја води во финалето“, изјави поранешниот играч на Арсенал, Барселона и Челзи.

„Имам голема почит кон Гвардиола и се што направи. Но, ако сака да привлече повеќе внимание кон себе и сака луѓето да го гледаат како генијалец… Ако утре повтори сличен резултат со обичен тим, без буџет од три милијарди, тогаш ќе му кажам дека тој е најдобриот тренер во светот. Сега тоа не е случај. Резултатот е немилосрден“.

Пети не заборава еден детаљ…

„Пеп ја нема освоено Лигата на шампионите 11 години – откако Лионел Меси не е во неговиот тим“.

Реал Мадрид ќе игра против Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите на 28.мај во Париз.

Scroll to Top