Top Sport

Гвардиола: Не ми се верува дека имаме 20 поени пред Арсенал, Јунајтед…

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека е „неверојатно“ што неговиот клуб освоил толку поени оваа сезона и вели дека е зачудувачки што има дури 20 поени предност пред клубови како Манчестер јунајтед и Арсенал.

Сити се врати на првото место со 1:0 победа против Барнли. Откако лани ја освоија титулата со рекордни 100 поени, оваа тие можат да стигнат до максимум 98.

„Можеби повторно некој тим ќе има 100 поени, но вториот да има 92, 95 или 98, не верувам дека тоа ќе се повтори во Премиер лигата. Во две сезони имаме 192 поени. Повеќе од 20 поени пред Јунајтед, Арсенал и Тотенхем, тоа е навистина неверојатно. Не очекував такво нешто на стартот на сезоната, а посебно оваа зима. Имаме 12 победи во низа, тоа е навистина неверојатно“, вели Гвардиола.

Сити ќе се обидат да ја одбранат титулата од ПЛ како прв тим по Манчестер јунајтед под Сер Алекс Фергусон (2007/08 и 2008/09).

Сити не „потклекнува“ – Агуеро со својот 20. гол донесе победа кај Барнли (видео)

Scroll to Top