Top Sport

ВРЦ: Нојвил со убедлива победа во Аргентина го зголеми водството

Белгиецот Тјери Нојвил е победник на Аргентинското рели во 1-2 триумф за Хјундаи пред својот колега Норвежанецот Андреас Микелсен за да го зголеми водството во генерален пласман во Светскиот рели шампионат (ВРЦ) на 10 поени.

Микелсен заостануваше огромни 48.4 секунди, додека актуелниот светски шампион Себастиен Ожие во Ситроен го „грабна“ третото место поминувајќи го Крис Мик (Тојота) во последната етапа, откако тој имаше дупната гума во последната етапа.

Шесткратниот светски шампион Ожие исто така освои 5 поени со победа во последната пауер етапа, а Нојвил доби три, за по пет трки Белгиецот да има 110 поени, а Ожие 100. Хјундаи е лидер во пласман на конструктори со 157 поени, 37 пред Тојота.

„Автомобилот беше совршен и се чувствував удобно во секоја етапа“, вели Нојвил, кој сега има две победи во низа откако минатиот месец победи на Француското рели на Корзика.

Шестата трка од шампионатот се оддржува од 10 до 12 мај во Чиле.

Scroll to Top