Top Sport

Гвардиола: Не можете да ја освојувате ЛШ секоја година, ако не сте Реал Мадрид

Пеп Гвардиола вели дека најдобар начин да се справи со притисокот за освојување на Лигата на шампиони со Манчестер сити е да очекува неуспех, бидејќи „не можеш да ја освојуваш секоја година, ако не си Реал Мадрид“.

Пред утрешниот прв меч од осминафиналето против РБ Лајпциг, Пеп не ја крие желбата да има успех во Лигата на шампиони, но додава дека би бил среќен со тоа што го постигнал во фудбалот досега.

„Да ми заврши кариерата утре, да не можам повеќе да бидам менаџер, би бил благословен со тоа што го направив со Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити. Никогаш не очекував да имам вакава кариера. Не само поради успесите во последните 13-14 години, туку и поради начинот на кој играме. Не можам да барам повеќе. Тоа што ќе се случи, ќе се случи, судбината е веќе напишана. Ќе го дадеме максимумот, бевме блиску неколку пати. Ништо нема да биде доволно. Затоа уживам и се забавувам. Кога пристигнав тука никогаш не помислив дека треба да освоиме се, или две-три титули од Лигата на шампионите. Ако не сте Реал Мадрид, другите клубови не го можат тоа. Се адаптираме на тоа што го имаме. Последните две сезони бевме блиску, сега ќе се обидеме повторно“, вели Гвардиола.

Scroll to Top