Пеп Гвардиола, менаџерот на лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити, верува дека најдобриот играч на тимот, Кевин Де Брујне, ќе се врати на терените пред клучните натпревари за „граѓаните“.
Де Брујне не игра од 20.јануари, кога се повреди на пресметката со Астон Вила. Сепак неговото отсуство не се чувствува во играта на Сити. Екипата на Гвардиола се наоѓа во серија од 14 победи, а без пораз се на последните 21 натпревар. „Граѓаните“, последниот пораз го доживеале на 20.ноември минатата година од Тотенхем.
„Кевин тренира, иако не со полн капацитет. Работи индивидуални и се чувствува добро. Навистина добро…“, рекол Гвардиола.
Претпоставките се дека Де Брујне ќе се врати во тимот за дуелот со Арсенал, кој на програмата е на 21.февруари.