Пеп Гвардиола вели дека нема да се извини на навивачите на Манчестер сити за неговата изјава за слабата посетеност на мечевите од Лигата на шампионите на англискиот шампион, велејќи дека е погрешно разбран.
По 6:3 победата над РБ Лајпциг, на меч на кој имаше 38.062 продадени билети од можни 53.500, Гвардиола изјави дека би сакал „многу повеќе луѓе“ во сабота за мечот со Саутемптон. По ова официјалната навивачка група на Сити му порача на Гвардиола да се држи до својата работа, но Каталонецот вели дека погрешно бил сфатен.
„Дали кажав по мечот со Лајпциг дека сум разочаран што стадионот не беше полн? Тоа беше погрешна интерпретација и нема да се извинам за тоа што го кажав. Не кажав ништо лошо и изненаден сум реакцијата. Истото го кажував и во Барселона и Баерн кога игравме тежок меч во Лигата на шампионите, знаејќи дека три дена подготовки се малку. Кажав дека сакам да имаме поддршка, не е важно колку луѓе ќе има, туку дека ние потребна нивната поддршка“, вели Гвардиола.
Навивачите на Сити му порачаа на Гвардиола: Гледај си ја својата работа