Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ги демантирал наводите на некои британски медиуми дека клубот ќе го купи Килијан Мбапе од ПСЖ.
Според тие медиуми, Манчестер сити ќе издвоел 200 милиони фунти за Мбапе, а како дел од трансферот Рахим Стерлинг би се заминал во Париз.
„Тоа со Мбапе нема да се случи. Сити нема да кој Мбапе и ПСЖ го заслужуваат. Претпоставувам дека ПСЖ не сака да го продаде“, рекол Гвардиола на прес конференцијата пред дуелот со Хофенхајм во Лигата на шампионите.
Менаџерот на „граѓаните“ бил изненаден што воопшто му поставувале прашања поврзани со Мбапе.
„Не разбирам откаде доаѓаат тие информации. Нема правиме размени, ниту за Стерлинг, ниту за било кои врвен играш што ние го имаме. Луѓето би требало повеќе да ги почитуваат моите играчи, но и играчите на другите клубови“, дополнил Гвардиола.