На Пеп Гвардиола очигледно му се смачи да одговара на прашањата околу неговиот неуспех да ја освои Лигата на шампионите по заминувањето од Барселона, велејќи дека „нема да се самоубие“ доколку не ја освојат титулата со Манчестер сити оваа сезона.
По рекордната победа на Премиер лигата во 2018 и историската домашна тројна титула (Премиер лига, ФА куп, Лига куп) минатата сезона, на Гвардиола во Сити му недостасува само трофеј од ЛШ. Но, тој инсистира дека не постои притисок да го освои трофејот оваа сезона.
„Дефинитивно следниот чекор за Манчестер сити е освојувањето на Лигата на шампионите, но понекогаш тоа е невозможно. Понекогаш се потребни неколку години, понекогаш и подолго. Барселона е мој клуб и уште ми е во срцето и со нив ја освоив првата титула во ЛШ во 1992. Ќе се обидеме да го направиме тоа оваа сезона, но нема да биде катастрофа да не ја освоиме. Сакам да ја освојам, но ако не се оствари тоа нема да ми го смени животот, нема да одам да се самоубијам. И на првата прес-конференција беше истото прашање: ’Тука си да ја освоиш Литата на шампионите’“, вели Гвардиола.
Сити играат со Динамо Загреб во вториот меч од ЛШ оваа сезона, откако во првиот дуел со 3:0 го победија Шахтјор Доњецк. Во првата сезона со Сити, тој испадна од Монако по 6:6 и правило на постигнат гол во гости, додека Тотенхем на ист начин отидоа лани. Во 2017/18, Ливерпул на Јирген Клоп го победи Сити во двата меча за да стигне до финалето.