Џек Грилиш, извесно е ќе го напушти Манчестер сити во летниот преоден рок. „Граѓаните“ во наредниот период ќе слушаат понуди за англискиот интернационалец. Пеп Гвардиола не е задоволен од неговите настапи, а ниту Гралиш од неговата минутажа.
Имено, крилниот напаѓач на Сити го изрази своето незадоволство поради тоа што пред него е новото засилување Омар Мармуш.
Грилиш не е на посакуваното ниво од почетокот на сезоната. Лошите игри прво го оддалечија од првиот тим, а потоа го доведоа во позиција ретко да добива шанса и како резерва.
Англискиот интернационалец, според извештаите од Англија, делува незаинтересирано дури и за тренинзите, а тоа воопшто не му се допаѓа на Гвардиола.
Грилиш му се приклучи на Манчестер сити од Астон Вила во 2021 година, а оваа сезона има само една асистенција на 16 натпревари во Премиер лигата.