Top Sport

Гвардиола: Нема така брзо да одам во пензија, сега сум подобар тренер

Еден од најуспешните фудбалски тренери во последните 15 години, Шпанецот Пеп Гвардиола го промени мислењето во врска со должината на својата тренерска кариераза која претходно сметаше дека нема да трае долго.

„Порано мислев дека наскоро ќе одам во пензија, сега мислам дека нема така брзо да биде тоа. Веќе сум со 50 години, тоа се убави години“ вели Гвардиола кој за половина месец ќе наполни 50 години.

По четири успешни сезони во Барселона (2008-2012) и три во Баерн (2013-2016), Шпанецот дојде во Манчестер Сити, тимот каде веќе ја започна петтата сезона од својт мандат. Договорот му е до 2023 година.

Гвардиола за себе смета дека сега е подобар тренер од претходно.

„Секако дека сега сум подобар. Искуството ни помага, посебно поради начинот на кој го преживувам овој предизвик“ вели Пеп.

Scroll to Top