Top Sport

Гвардиола: Немаме пари да купиме нов напаѓач

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека мали се шансите на „Етихад“, да стигне нов напаѓач во летниот преоден рок. Сити, според Гвардиола нема пари да донесе врвен напаѓач.

Серхио Агуеро замина од Манчестер сити, што значи дека во тимот класична деветка е само Габриел Жесус. Англиските медиуми пишуваат дека Сити се заинтересирани за Хари Кејн. Според Гвариола, трансферот на капитенот на Тотенхем е невозможна мисија поради сумата што ја бара првиот човек на Спарс, Даниел Леви.

Се шпекулира дека Тотенхем би го продале Кејн за не помала сума од 150 милиони евра.

„Со овие цени, нема да купиме ниту еден напаѓач. Тоа е невозможно, не можеме да си го дозволиме тоа“, рекол Гвардиола.

„Сите клубови имаат финансиски проблеми, ние исто така. Ги имаме Габриел Жесус и Феран Торес. Тука се и играчите од нашата академија…Голема е веројатноста дека нема да купиме напаѓач“.

Scroll to Top