Top Sport

Гвардиола: Невозможно е повторно да освоиме тројна круна

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот тим не може да го повтори подвигот од минатата сезона кога освои тројна круна со трофеите во Премиерлигата, Лигата на шампионите и во ФА Купот. Сега, во пресрет на новата сезона, „граѓаните“ имаат амбиција да станат првиот тим во историјата кој четирипати по ред ја освојувал шампионската титула во англиската елита.

„Тоа се случува еднаш во животот. Невозможно е повторно да го постигнеме она што го направивме минатата сезона. Го искачивме највисокиот врв, но во последните два дена слеговме од него и сега почнуваме одново. Сите имаме иста намера. Ќе има многу тешкотии на патот повторно да се искачиме што е можно повисоко. Нашиот фудбал, нашето ниво, нашиот менталитет ќе одредат каква ќе биде нашата сезона“, изјави Гвардиола.

Пеп додаде дека новите засилувања Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ се фит и достапни за утрешното отворање на Премиерлигата против Барнли.

 

 

Scroll to Top