Top Sport

Гвардиола: Ни „украдоа“ два гола, не сме лузери во ЛШ

Пеп Гвардиола застана во одбрана на својот клуб Манчестер сити, велејќи дека не е вистина дека „потфрлиле“ во Лигата на шампионите и покрај поразите во двата меча против Ливерпул во четврт-финалето.

Во првата сезона под Гвардиола, Сити играше во полуфиналето, но во втората и покрај доминацијата во Премиер лигата, Ливерпул славеше дома со 3:0 и на гости со 2:1 против „граѓаните“. Но, според менаџерот, тимот бил оштетен со поништувањето на головите во двата меча, откако самиот беше пратен на трибините по конфликтот на судијата по поништениот гол на Лирој Сане на „Етихад“.

„Постигнавме два важечки голови кои ни беа поништени, а како што видовме на Јувентус-Реал Мадрид, еден гол значи многу, дури иако е од пенал. Тоа го забележавме во сите детали на мечевите. Квалитетот на клубовите е толку големо. Оваа година имавме подобар настап во Лигата на шампионите и ќе се обидеме да бидеме уште подобри следната сезона. Но, немам чувство дека не успеавме. Бевме добри“, оценува Гвардиола.

Според него трите порази во низа (двата од Ливерпул и еден од Манчестер јунајтед во градското дерби) не тежат пред големото дерби со Тотенхем.

„Ако ги оценувате резултатите тогаш е така. Но, дури и по поразот на ’Енфилд’ игравме врвно против Јунајтед. Откако загубивме од Јунајтед, игравме врвно против Ливерпул. Моите играчи се такви“, додава Гвардиола.

Фото: ЕПА

Scroll to Top