Top Sport

Суспензија за новинарот кој ги нарече Лајпциг педери (видео)

Францускиот новинар Денис Балбир доби суспензија од ТВ каналот „В9“ откако во текот на преносот на дуелот меѓу Олимпик Марсеј и РБ Лајпциг, кој заврши со 5:2 победа на домаќините имаше хомофобични коментари за гостинскиот тим.

Ова доаѓа откако се појавија ТВ-снимки на кои Балбир вели: „Среќен сум што тие педери испаднаа, откако беа арогантни на првиот меч“.

„По коментарите на Денис Балбир, за кои тој јавно се извини, ’В9’ каналот реши да го суспендира од ова натпреварување“, се вели во соопштението на телевизијата.

Олимпик Марсеј загубија со 1:0 во првиот меч, но апсолутно доминираа во реваншот за да победат со 5:3 и да се пласираат во полуфиналето каде што ќе играат со Салцбург.

Scroll to Top