Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по дуелот со Атлетико во Мадрид, рекол дека никогаш не го критикувал стилот на играта, што го негува Диего Симеоне.
Шпанецот по првиот меч изјавил дека уште од праисторијата било тешко да се игра кога некој се брани во формација 5-5-0.
„Само кажав дека кога некој тим игра на таков начин тогаш е тешко да се игра. Немојте погрешно да ме разберете, никогаш не сум го критикувал Атлетико. Заборавивме како треба да играме, тоа е нивна заслуга. Го славиме пласманот во наредната фаза, но можеше да биде и поинаку во текот на второто полувреме. Имамвме огромни проблеми, имаа свои шанси не успеја да ги искористат“, рекол Гвардиола и дополнил.
„Секогаш сум имал само пофални зборови за Симеоне. Може да игра на многу начини. Никогаш ништо друго не сум кажал. Секогаш сум зборувал дека е тешко да се игра против него. Тие тоа го прават подобро од сите други тимови во светот“.
Манчестер сити во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид.