Top Sport

Гвардиола: Нормално е да се загуби

По 22 меча без пораз, Манчестер сити беше поразен, но тоа е „сосема нормално“, вели нивниот менаџер Пеп Гвардиола по 4:3 поразот од Ливерпул.

Откако стигнаа до 20 победи и 2 ремија на стартот на сезоната, многумина го споредуваа тимот на Сити со „непобедливите“ на Арсенал од 2003/04, но Гвардиола постојано зборуваше дека поразот ќе дојде. Тоа се случи на преполниот „Енфилд“, каде што низата без пораз во Премиер лигата заврши по 30 натпревари, 28 поени и 281 дена.

„Освоив многу титули, но секогаш губев поени и натпревари. Тоа е сосема нормално. Секој тим се бори за Лигата на шампионите, за титулата или за опстанок. Имаме уште многу натпревари пред нас и се надевам дека ќе останеме фит во ваков распоред со мечеви по секои три дена. Но, да се загуби е апсолутно нормално“, вели Гвардиола за „Би-би-си“.

Ова е прв пораз за Сити во Премиер лигата од април.

„Лошата вест е што загубивме, така што да им честитаме на Ливерпул за играта. Се обидовме да се вратиме, но не успеавме. Луѓето се прашуваа дали лигата е завршена пред Божиќ и сега е јануари и се гледа дека не е. Имаме многу натпревари за да ја освоиме лигата“, додава Шпанецот.

Ливерпул стави крај на „непобедливиот“ Манчестер сити (видео)

Scroll to Top