Top Sport

Барса однесе победа од Баскија откако губеше со 2:0 (видео)

Барселона направи целосен пресврт за од негатива од 2:0 по првите 35 минути, да стигне до импресивна 2:4 победа на гостувањето кај Реал Сосиедад и да го зацврсти првото место во Ла лига со 9 поени предност пред Атлетико Мадрид.

Гостувањето на „Аноета“ не почна најдобро за Блауграна, откако прво Вилијан Жозе (на кој многу добро се сеќаваат навивачите на Вардар по победата во Лигата на Европа) во 11. минута донесе водство за домаќините, за во 34-тата минута Хуанми да донесе неверојатно водство од 2:0 за Сосиедад и да најави дека е можно Барселона да загуби по 18 кола без пораз.

Меѓутоа, Каталонците не се предадоа така лесно. Луис Суарез, кој честопати беше критикуван оваа сезона поради слабата форма, му асистираше на Паулињо во 38. минута за на одмор да се замине со „прифатливи“ 2:1 за домашниот тим.

Уругваецот Суарез го продолжи шоуто во второто полувреме, откако во 50-тата минута донесе израмнување, за во 71. минута да го комплетира пресвртот.

Лионел Меси во 84. минута стави „шлаг на тортата“, со фантастичен гол од слободен удар, како да сакаше да каже дека ги заслужува 100 милиони евра годишно кои ги заработува од фудбалот.

Scroll to Top