Top Sport

Гвардиола одговори на шпекулациите: Сакам Меси да се пензионира во Барса

Пеп Гвардиола е свесен дека постојат шпекулации дека Манчестер сити ќе ја искористи „мешаницата“ во Барселона и на лето на слободен трансфер ќе го донесе Лионел Меси, но вели дека тој лично сака аргентинската легенда да се пензионира со каталонскиот клуб.

По јавниот конфликт со спортскиот директор Ерик Абидал, шпекулациите велат дека Меси ќе ја искористи клаузулата за заминување од клубот на крајот на сезоната, со Манчестер сити како најпожелна варијаната, но се јавува и зачудувачка вест за негов трансфер во Јувентус, каде што би бил колега со вечниот ривал Кристијано Роналдо. Гвардиола не верува во тоа.

„Тој е фудбалер на Барселона, ќе остане таму. Тоа е мојата желба. Нема да зборувам за фудбалери на друг клуб. Мислам дека тој ќе ја заврши кариерата таму. Тоа би било прикладно“, изјави кратко Гвардиола.

Scroll to Top