Top Sport

Баскиските клубови се избегнаа, можен дуел во финалето

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) со ждрепка ги одреди полуфиналните двојки на Кралскиот куп, во кој двата главни фаворити, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад се избегнаа и можна е пресеметка само во финалето.

Сосиедад , кој вчера на гости со 4:3 го победи Реал Мадрид, ќе го пречека најголемото изненадување, второлигашот Мирандес, кој елиминираше три прволигаши на патот до полуфиналето – Селта, Севилја и вчера Вилјареал. Атлетик Билбао, кој вчера ја елиминираше Барселона во второто полуфинале се среќава со Гранада, која пак ја исфрли Валенсија.

Првите мечеви се играат на 12 февруари, а вторите на 4 март, додека големо финале е на 18 април.

Scroll to Top