Европскиот првак Манчестер Сити остана без капитенот Илкај Гундоган, кој се пресели во Барселона откако му истече договорот. На негово место Пеп Гвардиола го ангажираше Матео Ковачиќ од Челси.
Англиските медиуми ги открија и другите две ѕвезди кои ова лето треба да го напуштат „Етихад“. Тоа се Бернардо Силва и Ајмерик Лапорт.
Португалецот размислуваше за заминување и пре една сезона, но се сложи да остане и не погреши, затоа што беше херој во полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид и на крајот трофејот стигна во Манчестер.
Лапорт бара поголема минутажа, со оглед дека Пеп Гвардиола на најважните натпревари во сезоната најмногу им веруваше на Дијаз, Аканџи и на Аке.