Пеп Гвардиола, во пресрет на последниот натпревар во Премиер лигата против Евертон, изјавил дека се она што му се случи на Ливерпул ќе биде добра лекција за неговиот тим.
Минатата сезона, Ливерпул, убедливо ја освоија титулата, но оваа сезона соочени со бројни повреди на клучните играчи не успеаја да ја одбранат.
„Ова што им се случи е добра лекција за нас. На никого ништо не му е гарантирано. И ние можеме да се соочиме со повреди наредната сезона, можеме да имаме тешки периоди. Мораме да бидеме внимателни“, рекол Гвардиола.
„Секоја титула е тешка за освојување, но поради оваа ситуација, пандемијата, оваа година беше уште потешка“.
Сити, утре, од 17 часот ќе го пречекаат Евертон.