Top Sport

Гвардиола останува верен на Сити и покрај ветувањата од Каталонија

Пеп Гвардиола вели дека е среќен во Манчестер, откако еден од фаворитите за нов претседател на Барса, Виктор Фонт вети дека ќе го врати на „Ноу Камп“.

Гвардиола ја одработува последната сезона од договорот со клубот од „Етихад“ и уште не ја потврдил својата иднина, а по кулминацијата на кризата во Барселона со оставката на Жозеп Марија Бартомеу и цел борд, се зголемија шпекулациите дека сака да се врати во матичниот клуб.

„Неверојатно сум среќен тука, пресреќен што сум во Манчестер и се надевам дека ќе завршам добра работа оваа сезона за да останам подолго“, вели Гвардиола.

Тој изјавуваше дека ќе потпише продолжување на договорот ако неговите фудбалери продолжат да реагираат на неговите тренерски техники и покрај тоа што го има најлошиот старт на една сезона како тренер по низата повреди и болести. Серхио Агуеро и Бенжамин Менди нема да се достапни за саботниот меч со Шефилд јунајтед, но на тренинзи полека се враќаат Габриел Жесус и Нејтан Аке.

Scroll to Top